logo
logo
logo

Повеќе од 100 земји во светот се задолжени „до грло“

Vecer | 01.03.2021

Повеќе од 100 земји во светот се задолжени „до грло“


Економските последици од пандемијата дополнително ја влошија веќе тешката состојба на презадолжените земји. Многумина веќе се несолвентни, а прашање е дали простувањето на долговите може да им помогне на долг рок.

Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд , како и Г20 – група на најиндустријализирани земји, како и економии во развој, се вклучени во решавањето на проблемот. Целта е да им се помогне на силно задолжените земји во пандемијата на коронавирусот што е можно поефикасно, пренесуваат светските агенции.

Според нив, овој пат се вклучени и Кинезите и никој навистина не знае колку заеми им дала Кина на сиромашните земји во Африка и другите континенти и дека веќе не станува збор за тоа како сиромашните земји ќе го рехабилитираат нивниот државен буџет.

Економистот Дина Померанц од Универзитетот во Цирих, специјализиран за развојна политика, ги истражува причините зошто многу земји продолжуваат да ги достигнуваат своите финансиски граници. Нејзината основна теза е дека ниту една модерна држава не може да опстане на долг рок без ефикасен даночен систем.

„За да може да се грижи за образованието, медицинската нега и инфраструктурата, државата мора да собира даноци. Ниту една модерна земја не може да постои на долг рок без ефикасен даночен систем потребен за одржување на редот и функционалната држава“, рече таа.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk