logo
logo
logo

Повеќе од 100 милионери ГИ МОЛАТ државите: Оданочете не

Vecer | 21.01.2022

Повеќе од 100 милионери ГИ МОЛАТ државите: Оданочете не

Повеќе од 100 милионери од светот, собрани во групите „Милионери патриоти“, „Милионери хуманисти“ и „Оданочете ме сега“, испратија отворено писмо со апел до владите да ги оданочат.

„Оданочете нѐ богатите сега“, напишаа тие во писмото, пренесува Оксфам.

Апелот е упатен по повод серијата предавања „Давос Агенда“ на Светскиот економски форум.

Данокот на имот за најбогатите, според Оксфам, ќе помогне да се намалат нееднаквостите и растечките социјални разлики, како и да се финансира здравствената заштита и образованието.

Во писмото на милионерите се наведува дека светот во изминатите две години претрпел многу, поради пандемијата на коронавирус, дека најбогатите станале уште побогати, а само мал дел од нив плаќаат соодветни даноци.

Меѓу потписниците на писмото, меѓу другите, се и американската филмска продуцентка Абигејл Дизни и американскиот претприемач Ник Ханауер.

Во претходната студија, Оксфам дојде до заклучок дека данокот на имотот на милионерите, со само два отсто годишно и пет отсто за милијардерите, ќе донесе 2,52 трилиони долари годишно на глобално ниво.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk