logo
logo
logo

ПОРАНЕШНИОТ ГИГАНТ BIP е на продажба, потребни се 4 милијарди динари

Vecer | 17.07.2021

ПОРАНЕШНИОТ ГИГАНТ BIP е на продажба, потребни се 4 милијарди динари

Агенцијата за лиценцирање на стечајни управници објави продажба на стечајниот должник Белградска индустрија за пиво, слад и безалкохолни пијалоци Белград, чии средства се проценуваат на 4.176.045.698,69 динари.

Како највреден имот, Агенцијата го обележа земјиштето во Велико Поље - Обреновац, зграда во Белград во Булевар Војводе Путника 5, потоа на Зрењанински пат, како и згради во Чачак, Обреновац, Крагуевац, Косовска Митровица, Алибунар и Будва.

Меѓу вредниот имот за продажба се жигови и трговски марки, меѓународни трговски марки, спорни права на недвижен имот на улицата Кнез Данилова, како и опрема, долгорочни финансиски инвестиции, акции, побарувања и активни судски постапки кои исто така се продаваат.

Проценетата вредност е 4.176.045.698,69 динари, додека депозитот е 835.209.140 динари.

Крајниот рок за доставување на понудите е 16 август до 11:45 часот, а отворањето на понудите ќе биде напладне истиот ден.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk