Популарното туристичко место забранува храна за носење!

Соочувајќи се, со се поголемиот отпад, Венеција одлучи во следните 3 години да стави забрана за отварање на ресторани, во кои храната ќе може да се носи надвор од нив.

Властите во оваа омилена дестинација на сите туристи, се обидуваат да го намалат бројот на оние места во кои луѓето ќе можат да купат парче пица за носење, а позади себе да го остават ѓубрето.

Живописниот центар во овој град, се повеќе се бори со големиот број на туристи кои пред секое заминување оставаат драстично позагаден град.

Градските власти напоменаа дека, поради безбројните можности кои им се нудат на туристите, улиците се преполни со луѓе кои јадат на отворено, и дека ќе се потрудат да ги подобрат услугите во рестораните и тоалетите.

Овие правила, како што е наведено нема да важат за продавачите на сладолед, но секако ќе важат за пицериите и рестораните.

За загаденоста на градот придонесуваат и гулабите кои се хранат со помош на случајните минувачи. Имено, поради зголемениот број на гулаби низ градот, властите донесоа закон со кој се казнуваат сите оние кои ќе ги хранат гулабите, бидејќи најмногу проблеми нанесуваат токму на локалното население.

Сепак оваа мерка првенствено треба да биде одобрена од граѓаните.

Поврзани

Најнови вести

Коментари