logo
logo
logo

„Пола Србија се смее на таа изјава, а тој е одговорен човек“

Vecer | 26.06.2022

„Пола Србија се смее на таа изјава, а тој е одговорен човек“

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска присуствуваше на свеченото отворање на аеродромот Росуље кај Крушевац и ги посети работите на Моравскиот коридор.

За време на посетата тој одговараше на прашања на новинарите, меѓу другото, да ја коментира ситуацијата во Германија каде министерот за економија на Германија Роберт Хабек бара од граѓаните да штедат енергија - да се облекуваат потопло и да се тушираат пократко.

„На таа изјава се смет половина од луѓето во Србија, а тој е еден од најпаметните луѓе во Германија, сериозен човек“, рече претседателот на Србија и додаде дека никого не лаже, туку им кажува на вистината за својот народ.

“Вели туширајте се кратко, облечете дебели џемпери и чорапи...така се однесува некој што е паметен и одговорен“, посочи Вучиќ.

„Она што го прави покажува колку е одговорен и тоа е единствената причина зошто порасна во моите очи“, додаде тој.

„Тоа не смеам да го кажам во Србија затоа што би ме убиле, но се обидувам да го посочам на друг начин, нè очекува тешка зима и ако започне поголем конфликт во Европа, ќе ни биде многу тешко, мораме тоа да се знае, знајте го тоа“, предупреди тој.

 

https://vecer.mk/svet/germanskiot-vicekancelar-do-gragjanite-kratko-tushirajte-se-i-nosete-dhemperi-i-debeli-chorapi-vo-zima/

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk