logo
logo
logo

Почнаа Деновите на финансиската писменост: Народната банка со презентации за сите заинтересирани граѓани

Vecer | 01.12.2021

Почнаа Деновите на финансиската писменост: Народната банка со презентации за сите заинтересирани граѓани

Како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиската писменост, Народната банка упати јавен повик до сите заинтересирани граѓани за присуство на едукативни презентации преку видеоконференциска врска.
-Денеска со почеток во 14 часот ќе се одржи презентација на тема Монетарната политика на Народната банка. За следните денови се закажани презентации на следниве теми: информации потребни при избор на кредит на 2 декември, во 10 часот, платниот систем и платежните услуги на 2 декември, во 14 часот и за банкарската супервизија на 3 декември, во 14 часот, информираат денеска од Народната банка.
Презентациите ќе се одржуваат преку интернет, на платформата „Вебекс“. Ќе бидат наменети за заинтересирани граѓани со основно и со понапредно ниво на знаења, односно ќе ги опфатат како основните, така и подеталните аспекти од наведените области. По секоја презентација е предвидена можност за прашања од граѓаните и дискусија со стручните лица од Народната банка. Пријавувањето за учество на презентациите е во тек. Заради организирање на презентациите во зависност од искажаниот интерес, сите заинтересирани граѓани треба да го најават своето присуство преку порака: – на е-адресата:[email protected] или на официјалните страници на Народната банка на социјалните мрежи „Фејсбук“, „Твитер“ и „Инстаграм“. Притоа, секој заинтересиран граѓанин треба да наведе за која презентација/тема најавува присуство. Рокот за пријавување е најдоцна еден ден пред одржувањето на предавањето

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk