logo
logo
logo

По 5 години пензија: Колку заработуваат гејмерите од Балканот?

Vecer | 05.02.2023

По 5 години пензија: Колку заработуваат гејмерите од Балканот?

Една од најпрофитабилните индустрии денес е гејмингот, кој со текот на времето почна да им носи многу пари на играчите.

За тоа сведочат податоците кои доаѓаат од Хрватска, а се однесуваат на гејмерите и на најголемиот настан во регионот - Wandercon gaming, кој викендов собра бројни професионалци во Осиек.

Како што рече еден од учесниците на натпреварот, „од играње може да заработите многу пари, особено ако сте професионален е-спортист кој игра игри, бидејќи тогаш вашата плата може да достигне шест или седум просечни хрватски плати“, пренесува Капитал.

„Од друга страна, ако си инфлуенсер и снимаш, тоа ќе го видат спонзорите кои можат да ти платат за да играш – вели тој, а другиот додава дека 10 години активно се занимава со гејминг, но исклучиво како хоби“ пишува Poslovni.hr.

Сепак, третиот гејмер е на мислење дека „во Хрватска оваа индустрија не е многу истакната за да може да се заработи од неа, бидејќи земјата се уште заостанува во однос на новите технологии“.

Еден од организаторите на настанот, Иван Галетиќ, вели дека биле потребни два месеци напорна работа за да се создаде овој фестивал и додава дека луѓето сега почнуваат да забележуваат дека има иднина во гејмингот и е-спортот.

„Оваа сцена е повеќе ценета надвор, е-спортот денес е како спорт, а фудбалерите заработуваат многу. Играчите на е-спортови можат да играат пет години и да се пензионираат за да можат да ја обезбедат иднината“, открива Галетиќ.

Како изгледа денот на гејмерот?

„Стануваш, доаѓаш при себе, седнуваш на компјутер и играш, играш, играш. Има и различни видови на тренинзи, во зависност од видот на играта“, додава тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk