logo
logo
logo

Платил две евра за еспресо, па повикал полиција: Кафулето казнето - со 1.000 евра

Vecer | 21.05.2022

Платил две евра за еспресо, па повикал полиција: Кафулето казнето - со 1.000 евра

Платил две евра за еспресо, па повикал полиција: Кафулето казнето - со 1.000 евра

Изнервиран маж повикал полиција откако платил две евра за еспресо без кофеин во кафулето „Ditta Artigianale“ во Фиренца.

Тој се пожали во полиција дека цената не е јасно истакната зад пултот.

На крајот, таа грешка ги чинеше газдите казна за локалот кој е познат по доброто кафе и по освоени награди , пренесува РТС.

Сопственикот Франческо Санапо луто ја коментираше казната на социјалните мрежи и го бранеше кафето што го нудат, а кое доаѓа од мала плантажа во Мексико и „со големо внимание го подготвуваат неговите баристи“.

„Ме казнија затоа што некој се навреди што платил две евра за кафе. Дали ви се верува? Денеска секој може да се изнервира и да ја мобилизира полицијата која ќе не казни за застарениот закон“, рече Санапо, држејќи писмо од полицијата.

Во Италија просечната цена на еспресото е едно евро, иако повеќето кафулиња и барови неодамна ги зголемија цените поради проблеми со снабдувањето и повисоките цени на кафето.

Групите за заштита на потрошувачите предупредија дека просечната цена на еспресото оваа година би можела да порасне до 1,5 евра, пишува Гардијан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk