logo
logo
logo

Плата, флексибилност, инспирација: ШТО НАВИСТИНА САКААТ РАБОТНИЦИТЕ, НЕ Е СЕКАДЕ ИСТО

Vecer | 21.01.2022

Плата, флексибилност, инспирација: ШТО НАВИСТИНА САКААТ РАБОТНИЦИТЕ, НЕ Е СЕКАДЕ ИСТО

Што навистина сакаат работниците на работа? Одговорот делумно зависи од тоа од каде се тие, според глобалното истражување на Bain & Co.

Американците и Јапонците бараат добра плата и бенефиции пред се, додека заработката е помалку важна за Французите, кои сакаат интересна работа. Бразилските и нигериските работници бараат можности за учење, додека оние во Индонезија го ценат добриот однос со соработниците.

Кинеските баратели на работа бараат компанија која ги инспирира, а Германците копнеат по сигурност на работното место. Податоците, собрани од 20.000 работници во 10 земји, доаѓаат во време кога Американците ги напуштаат своите работни места во рекорден број, а работодавците ширум светот се борат со пандемијата и последиците.

– Компаниите кои нема да ги научат „новите правила“ на пазарот на трудот би можеле да се соочат со заминување на вработените, колапс на корпоративната култура и изгубени можности, па затоа е поважно од кога било да се внимава што сакаат работниците – изјави Ендрју Шведел, објави Блумберг.

Тој исто така вели дека „било импресивно да се видат различните потреби, желби и мотивации кај работниците“.

- Мора да избегнуваме големи генерализации за тоа што сакаат работниците, помалку се работи за една „големина што им одговара на сите“. Луѓето сакаат повеќе од работата што ја работат, а не само високи плати – посочи тој.

Сепак, парите остануваат водечка мотивација за работниците во САД и повеќето други земји, според ова глобално истражување, кое исто така покажа дека повеќе од половина од сите работници сега се сомневаат во рамнотежата помеѓу работата и животот.

Имено, повеќе од 25% од работниците во Америка ја промениле својата компанија во првата година од пандемијата, а повеќето биле вработени во малопродажба, производство и здравствена заштита.

Потсетуваме дека и генерацијата Z има свои „посебни барања“, а за нив, на пример, платата е многу важна ставка, додека поволностите се на второ место.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk