ОПШТИНА ЧАШКА

Планинарскиот дом "Чеплес" продаден за 65.000 евра

Планинарскиот дом "Чеплес", што се наоѓа под Солунска Глава, доби нов газда. За 65.000 евра општина Чашка му го продаде на велешки стопанственик кој веќе уплатил дел од сумата на општинската сметка. Од општината велат дека новиот сопственик планира домот да го модернизира и да го прошири со нови содржини. И понатаму останува да функционира како планинарски дом, но со намера да собере поголем број гости.
- Сакаме домот да биде пријатно катче за планинари од нашата, туку и од други земји. Интерес постои. Прекрасните предели на Солунска Глава се примамливо место за сите љубители на природата. Општината нема средства да го реновира домот, па затоа и го продаваме - вели Горанчо Панов, градоначалник на општина Чашка.

Општина Чашка го доби планинарскиот дом Чеплес" пред дваесетина дена, во согласност со Законот за легализација. Го заведе како свој имот и веднаш го продаде. Очекува новиот газда да го направи атрактивен за љубителите на планинарските спортови. Но, градоначалникот признава дека патот што ќе води до домот, кој минува во живописниот предел покрај реката Бабуна и густата дабова и букова шума, мора да се направи.
- Општината мора да го уреди патот за да може да се доаѓа до домот. Инвеститорот најави дека покрај реновирањето планира да изгради и базен и спортски терени. За ова проблем ни се парите. Немаме доволно за асфалтирање на оние осум километри од селото Нежилово до самиот дом - рече Пановски.

Минатата година во Чеплес" престојувале повеќе од 10.000 планинари, спелеолози и љубители на природата.

(С.А.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари