Се предвидува дека пазарот за одржливиот текстил ќе вреди околу 500 милијарди долари за околу пет години, а некои нови иновации во оваа област ќе се појавуваат одвреме-навреме. Една неодамнешна студија, спроведена во Јужна и Југоисточна Азија, ги открива можностите за создавање на текстил од остатоци од храна, односно производство на истиот.

„Предење на идните нишки“ е заеднички извештај на Институтот за одржливи заедници, Институтот за светски ресурси (ВРИ) и Универзитетот и истражувањето Вагенинген (ВУР), нарачано од Фондацијата Лаудс.

Тие анализираа големи количини земјоделски остатоци во осум земји: Бангладеш, Камбоџа, Индија, Индонезија, Пакистан, Шри Ланка, Тајланд и Виетнам. Истражувањето се фокусираше на делот од Азија, кој е познат по растително и текстилно производство.

Како што се посочува во извештајот, денешните стандардни процеси за производство на текстил имаат катастрофални ефекти врз животната средина. Имено, повеќе од 60 проценти од влакната на облеката ги оптоваруваат природните ресурси поради неконтролирано, неодржливо производство.

Но, во исто време, природните влакна како памукот, второто најчесто користено текстилно влакно, исто така се потпираат на интензивна агрохемиска потрошувачка и голема количина на потрошувачка на вода.

Според тоа, студијата се обидува да најде трето решение, кое се потпира на остатоци од производството на храна, односно нуспроизводи од земјоделството.

Истражувачите проучувале повеќе од 40 култури и заклучиле дека текстилот може да се произведува од производство на ориз, пченица, банани, шеќерна трска и ананас.

Во моментов, нуспроизводите од производството и преработката на овие продукти се решаваат со масовно горење, но тоа предизвикува големо загадување на воздухот, пишуваат Одржливи брендови.

Протоколите во производството на облека, кои се еколошки и одржливи, се повеќе ги интригираат експертите ширум светот, бидејќи прекумерното производство на текстил во голема мера ја загадува природата.