logo
logo
logo

Петта турска банка почна да ги прифаќа руските картички Мир

Vecer | 24.06.2022

Петта турска банка почна да ги прифаќа руските картички Мир

Турската банка Халкбанк почна да ги сервисира картичките Мир, објави рускиот платежен систем на својата веб-страница во четвртокот.

„Релативно неодамна, Халкбанк се приклучи на списокот. Сега е можно повлекување готовина и плаќање со картичките Мир на нејзините уреди“, изјавија од прес-службата за ТАСС. Така, сега руските Мир картички можат да се користат во Турција во пет банки – Ис банкаси, Зираат банкаси, Вакифбанк, Денизбанк и Халкбанк.

Платежните картички Мир моментално се прифаќаат во 8 земји - Турција, Виетнам, Ерменија, Узбекистан, Белорусија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан.

Претходно, првиот заменик-гувернер на Банката на Русија, Олга Скоробогатова, на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург (СПИЕФ) им рече на новинарите дека Мир картичките наскоро би можеле да бидат прифатени во уште четири земји.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk