logo
logo
logo

Известување за сите кои примаат пензија преку ХАЛКБАНК

Vecer | 30.11.2022

Известување за сите кои примаат пензија преку ХАЛКБАНК

Халкбанк известува дека сите кои примаат пензија на картичка, парите им се достапни на сметка од 29.11.2022 и истите ќе може слободно да ги користат при пазарење со платежни картички, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии.

За пензионерите кои не користат картичка, препорачаната готовинската исплата на пензиите на шалтерите на Банката ќе се одвива во четири групи, според висината на пензијата, и тоа:

  • До 11.000 денари 29.11.2022 г.
  • 11.001-14.000 денари 30.11.2022 г.
  • 14.001-18.000 денари 01.12.2022 г.
  • Над 18.001 денари 02.12.2022 г.

На шалтерите на Банката ќе бидат подготвени апликации и инструкции од вработените за добивање и користење на бесплатните дебитни картички за приматели на пензии и уникатната можност за користење на сите банкомати од било која банка во државата без провизија за подигнување на готовина.

Сите филијали на Халкбанк АД Скопје ќе бидат во функција за извршување на Вашите потреби во периодот од 08:30 до 16:30 часот, соопштија од Халкбанка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk