Оценка на Стопанската комора

Падот на индустриското производство не е загрижувачки, бизнисмените очекуваат подобрување

Негативните трендови и кризата годинава оставија одредени последици, но компаниите осе оптимисти дека состојбите и движењата во економијата ќе се подобрат

Падот на индустриското производство од 5,3 отсто во август во однос на истиот месец лани, колку што измери Државниот завод за статистика, не е загрижувачки па компаниите се оптимистички расположени, оценуваат од Стопанската комора на Македонија.

Како што објаснува Билјана Пеева-Ѓуриќ, директор во Комората, падот во индустријата треба да се гледа кумулативно и тогаш е далеку помал. Така за период од осум месеци годинава тој изнесува минимални 0,1 отсто, поради намалување НБА- производстовото во рударството за 1,1 процент и во преработувачката индустрија од 1,3 отсто.

- Негативните трендови и кризата годинава оставија одредени последици, но компаниите се оптимисти дека состојбите и движењата во економијата ќе се подобрат, истакна таа.

Пеева Ѓуриќ конкретизира дека за да се согледаат трендовите во економијата, многу е важен сегментот на преработувачката индустрија која во вкупното индустриско производство учествува со 83 проценти.

- Генерално, за осум месеци забележан е пад во секторот рударство, а сепак тука нема никакви загрижувачки елементи. Се работи за еден коп во РЕК "Битола#. Состојбите се одвиваа тековно и нормално. Во преработувачката индустрија, пак, секторски е евидентиран позначителен пад во производството на облека, кумулативно околу 17 отсто, но, според компаниите, на терен тој пад не е толку голем колку што покажуваат податоците, истакна таа.

(С.Ву.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари