logo
logo
logo

ПАДНА ИМПЕРИЈАТА ТУЏАРОВИ, Реплек оди во рацете на...?

Vecer | 22.07.2021

ПАДНА ИМПЕРИЈАТА ТУЏАРОВИ, Реплек оди во рацете на...?

Согласно со законските обврски предвидени во Законот за хартии од вредност, како и врз основа Правилата за котација на Македонската берза АД Скопје, „Реплек“ АД Скопје објави дека во Друштвото „Реплек фарм“ ДООЕЛ Скопје (основано од „Реплек“ АД Скопје) е извршена промена на управителот.

– Управителот на „Реплек фарм“ ДООЕЛ Скопје, Иван Туџаров, поради приватни причини дава оставка од позицијата управител на Друштвото за фармацевтско-хемиски производи „Реплек фарм“ ДООЕЛ Скопје.

Согласно со Одлуката за избор на управител на „Реплек фарм“ ДООЕЛ Скопје донесена на седницата на УО на „Реплек“ АД Скопје, одржана на 8 јули, со која за управител на Друштвото „Реплек фарм“ ДООЕЛ Скопје, се именува Цане Талевски (досегашен помошник генерален директор на „Реплек фарм“ ДООЕЛ Скопје). Промената е извршена во Централен регистар на РСМ – објави Берзата.

Борбата за насилно преземање на Реплек таре веќе две години, а интересот за Реплек е и поради фактот што е праработувач и продавач на производи од марихуана.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk