logo
logo
logo

Падна договор за глобален данок

Vecer | 09.10.2021

Падна договор за глобален данок

Повеќе од 130 земји постигнаа договор за одданочување на големите компании, вклучително и минимален корпоративен данок од 15 проценти за да се спречат мултинационалните корпорации да кријат профит во даночни оази.

Договорот е обид да се контролираат начините на кои глобализацијата и дигитализацијата ја менуваат светската економија и ќе им овозможи на земјите да ги одданочат приходите на компаниите со седиште во странство, што ги заработуваат од онлајн продажба.

Договорот постигнат помеѓу 136 земји што претставуваат 90 проценти од светската економија го објави Организацијата за соработка и економски развој (ОЕЦД), што беше домаќин на разговорите. ОЕЦД наведува дека минималниот данок ќе донесе приход од околу 150 милијарди долари.

Преговорите траеја четири години и имаа поддршка од американскиот претседател Џо Бајден. Трошоците поврзани со пандемиската криза дадоа дополнителен поттик за договорот во последните месеци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk