logo
logo
logo

Падна династијата Туџаров во Реплек

Vecer | 08.04.2021

Падна династијата Туџаров во Реплек

Mнозинството акционери, предводени од Душан и Владимир Пецовски денеска на Годишното Собрание на акционери на Реплек АД Скопје, изгласале недоверба на сите членови на Управниот Одбор и на Надзорниот Одбор на компанијата, објави Фактор.

Фактор дознава дека мнозинството било впрочем против одобрување на работата на двата одбори, поради незадоволство и нетранспарентно работење.

Согласно Член 363 и 384 од Законот за Трговски Друштва, со неодобрување на работата на одборите, сите членови вклучувајки ги и Иван Туџаров, односно Претседателот на Управниот Одбор (Генералниот Директор на Реплек АД), како и Претседателот на Надзорниот Одбор се истовремено разрешени.

Сите активности, дејствија и овластувања се замрзнати се додека не се назначи нов Управен и Надзорен одбор, на продолжената седница на Годишното Собрание на Акционери во рок од 8 до 15 денови.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk