logo
logo
logo

Пад на берзата на „Волстрит“. Инфлација ја тресе најмоќната економија во светот!

Vecer | 13.05.2021

Пад на берзата на „Волстрит“. Инфлација ја тресе најмоќната економија во светот!

На Волстрит, берзанските индекси се во надолна линија трет ден по ред, бидејќи инвеститорите стравуваат дека зголемувањето на инфлацијата ќе ги наведе Федералните резерви на САД да ги зголемат каматните стапки порано од очекуваното. Во 10 од 11 најважни сектори на индексот S&P 500, цените на акциите паднаа. Само нафтениот сектор порасна за 0,1 отсто, благодарение на зголемувањето на цените на нафтата.

Министерството за труд на САД објави дека инфлацијата скокнала за 0,8% на месечно ниво во април, откако порасна за 0,6% во март. Тоа е најголемо месечно зголемување во последните 12 години.

Најголемиот дневен пад на индексот S&P 500 од февруари се должи на фактот дека основните потрошувачки цени, со исклучок на цените на храната и енергијата се зголемија за 0,4% во април, додека цените на бензинот паднаа за 1,4% по зголемувањето за 9,1%  во март. Сепак, цената на бензинот најверојатно повторно ќе порасне во мај, бидејќи пумпите низ целата земја веќе остануваат без гориво откако делумно беше затворен „Колонијал гасовод“ по хакерски напад врз компанијата минатиот петок.

Акциите на големите технолошки компании вчера беа под најголем притисок затоа што многумина сметаат дека нивните цени, по силниот раст минатата година во корона кризата, се превисоки.

Акциите на Амазон, Епл, Алфабет, Мајкрософт, Тесла паднаа помеѓу 2 и 3%.

На европските берзи, пак, цените на акциите пораснаа вчера. Лондонскиот индекс FTSE зајакна 0,82% на 7.004 поени, додека франкфуртскиот DAX порасна 0,20%, на 15.150 поени, а парискиот CAC 0,19%, на 6.279 поени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk