Како што влегуваме во нова календарска година, многу возачи размислуваат за промена на автомобили. Купувањето половно возило обично се поврзува со возбуда при пребарувањето, но и со стрес околу купувањето.
Technischer Überwachungsverein (TÜV) е германска организација која врши технички прегледи и издава сертификати за производи и услуги во различни индустрии, вклучувајќи ја и автомобилската индустрија. Објавените извештаи претставуваат вреден извор на информации за возачите, механичарите и пред се потенцијалните купувачи на автомобили.
Бидејќи многу половни автомобили доаѓаат во Македонија од Германија, овој извештај може да биде корисен и за купувачите на половни автомобили кај нас.
Што ни носи извештајот за 2025 година? Како прво, 20,6 отсто од автомобилите на германските станици за технички преглед не успеале да ја поминат контролата поради значителни или опасни дефекти.
Исто така, процентот на возила со помали дефекти е зголемен на 11,5 отсто, што е за 0,3 отсто повеќе од претходната година.
TÜV ги анализираше резултатите од околу 10,2 милиони технички прегледи на автомобили помеѓу јули 2023 и јуни 2024 година.
Земајќи ги предвид значајните и опасни дефекти откриени на 228 различни модели на автомобили, возилата беа класифицирани во возрасни категории.
Еве кои модели се покажаа особено слабо и се сметаат за најлоши. Процентот наведен кај автомобилите се однесува на значителни дефекти откриени при технички преглед.
Автомобилите кои се најподложни на дефекти стари 2-3 години:
Тесла Модел 3 3, 14,2%
Форд Мондео, 13,2%
Шкода Скала, 11,8%
Автомобилите кои се најмногу склони кон дефекти стари 4-5 години:
Тесла Модел 3, 19,5%
Фолксваген Шаран, 17,7%
БМВ Серија 5 / Серија 6, 17,7%
Автомобилите кои се најподложни на дефекти стари 6-7 години:
Дачија Докер, 26,5%
Дачија Дастер, 24,3%
БМВ Серија 5/ Серија 6, 23,6%
Автомобилите кои се најмногу склони кон дефекти стари 8-9 години:
Дачија Докер, 30,9%
Дачија Дастер, 29,7%
Дачија Сандеро, 28,6%
Автомобилите кои се најподложни на дефекти стари 10-11 години:
Дачија Логан, 39,6%
Дачија Дастер, 34,1%
Рено Твинго, 33%
Интересно е што просечната старост на автомобилите во Германија веќе некое време постојано се зголемува и моментално изнесува 10,3 години.
За споредба, во 2011 година просечната возраст беше 8,3 години. Во моментов, приближно половина од сите автомобили регистрирани во Германија се стари десет години или постари.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата