logo
logo
logo

Отворена најголемата соларна електрана во Австрија (ФОТО)

Vecer | 21.05.2022

Отворена најголемата соларна електрана во Австрија (ФОТО)

Во рамките на аеродромот Швехат во Виена е отворена најголемата соларна централа во Австрија.

Поставени се 55.000 соларни панели на површина од 24 хектари, кои ќе произведуваат повеќе од 30 милиони киловат часови електрична енергија годишно.

Со ова ќе бидат покриени потребите на 250 компании лоцирани во рамките на аеродромот, како и една третина од годишната потрошувачка на електрична енергија на самиот аеродром.

Следен чекор е изградба на седум хектари соларни панели со кои производството на електрична енергија ќе ја надмине потрошувачката.

Заедно со веќе постоечките седум постројки, аеродромот следната година ќе достигне јаглеродна неутралност.

„Сепак, аеродромот е само мал дел од воздушниот сообраќај. Потребни ни се и понови авиони кои користат помалку керозин, поефикасни летови и керозин што е јаглеродно неутрален“, објаснува Џулијан Јегер, член на одборот на директори на аеродромот.

Заштитата на климата во Виена, која има за цел климатска неутралност до 2040 година, е еден од приоритетите.

„Градот со години инвестира во обновливи извори на енергија, а соларната енергија игра значајна улога во тоа. Виена планира масовно да го прошири производството на електрична енергија преку соларни панели“, изјави градоначалникот Мајкл Лудвиг. На малите фотоволтаични системи во иднина нема да им требаат дозволи во главниот град на Австрија, додаде Лудвиг.

Најголемата соларна централа во Австрија е важен чекор кон јаглеродната неутралност.

“Климатската и енергетската програма на Долна Австрија планира да ги намали емисиите на јаглерод диоксид за 36 отсто и да произведе 2.000 гигават часови сончева енергија до 2030 година. Програмата вклучува повеќе од 350 мерки постепено се спроведува“, рече Јохана Микл-Лајтнер, претседател на покраината Долна Австрија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk