logo
logo
logo

Оризопроизводителите се заканија: Субвенции или целосна блокада на сообраќајот

Vecer | 23.02.2021

Оризопроизводителите се заканија: Субвенции или целосна блокада на сообраќајот

Оризопроизводителите од кочанскиот регион  незадоволни од состојбата и откупот на оризот  денеска во селото Облешево со земјоделска механизација блокираа една коловозна лента на магистралниот пат Кочани – Штип. Тие очекуваат брза реакција од Владата и исплата на субвенциите, во спротивно ќе продолжат со протестите и ќе применат поригорозни мерки за целосно блокирање на магистралниот пат.

– Откупната цена е ниска, изнесува од 15 до 20 денари за килограм арпа, а не сме ги добиле субвенциите. Владата нема слух да најде начин да задоволи барем дел од нашите потреби. Не сме опфатени ниту се една од петте ковид-мерки, поради што до крајот на февруари бараме исплата на редовните субвенции што ни следуваат по закон. Веќе почнуваат подготвките за новата сеидба на оризот и тие средства ни се потребни. Проади ниските откупни цени бараме дополнителна субвенција од пет денари по килограм предадена арпа – изјави Драгољуб Гаврилов, член на Инцијативниот одбор за заштита на оризопроизводството.

Земјоделците побараа и исплата на надоместокот за „зелена“ нафта, како и определување на заштитна цена за килограм ориз.

-Откупувачите сами ја определуваат најниската откупна цена, а ние како земјоделци сме принудени да им ги предадеме произведените количини со оглед што сме должни да ги платиме обврските за воден надоместок, за набавеното ѓубриво и репроматеријали и за другите трошоци. Цената на нафта е покачена, поскапи се вештачките ѓубрива и најжално ќе биде ако земјоделците не можат да ја почнат седибата на оризот – рече оризопроизводителот Тони Максимов.

Земјоделците од кочанскиот регион нагласија дека очекуваат брза реакција од Владата, зошто во спротивно ќе продолжат со протестите и ќе применат поригорозни мерки за целосно блокирање на магистралниот пат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk