logo
logo
logo

Одеднаш има микрочипови

Vecer | 27.06.2022

Одеднаш има микрочипови

По една година интензивни проблеми во производството на автомобили поради недостигот на микрочипови, повеќето автомобилски компании сега се вратија во нормала, па од лентите излегуваат нови модели кои работат со полн капацитет, пишува Нова.

Иронијата е што токму инфлацијата помогна да се нормализира состојбата со микрочиповите.

Имено, истите полупроводници, односно микрочипови кои се неопходни за производство на автомобили, ги користат и бројни производители на електроника.

Поради инфлацијата, се помалку луѓе се одлучуваат да купат нов мобилен телефон, таблет или лаптоп, па затоа се издвојуваат повеќе микрочипови за производство на автомобили.

Да не заборавиме дека во времето на првото затворање поради пандемијата, Sony Play Station ја запре автомобилската индустрија бидејќи продажбата на оваа конзола скокна неверојатно, но имаше многу поголема побарувачка за лаптопи поради работа од дома. Така, со некои други фактори, значително помалку микрочипови беа издвоени за производителите на автомобили.

Да потсетиме, за производство на еден автомобил во просек се потребни околу 1.400 микрочипови, а недостигот на овие делови ја чинеше автомобилската индустрија лани 210 милијарди долари, а произведени се дури 7,7 милиони возила помалку од потребите на пазарот.

Според извештајот на Bloomberg Intelligence, поради нормализацијата на испораките на полупроводници, во втората половина од оваа година се очекува нешто поголема продажба на возила.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk