Од утре ПОЕВТИНУВААТ оризот, брашното, бисквитите, наполитанките…

Оризот, брашното, белиот и полубелиот леб со исклучок на оној печен во маркетите, пекарските производи, бисквитите, наполитанките, тестенините, месото, млекото, јајцата… се само дел од листата производи кои треба да поевтинат од утре, односно да се намалат за 10 отсто во однос на цените кои важеле за нив во маркетите на 1 август.
Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика производителите и трговците да се искоординираат, бидејќи пазарните инспектори ќе издаваат казнени налози со „забрана за вршење дејност“, односно продавниците ќе бидат затворани.
„Треба да ги одбележат сите овие производи со натписот „гарантирана цена“, која е објавена на веб-страницата на Министерството за економија и овие производи количински да ги снабдуваат најмалку за 70 отсто во однос на количините од месец август 2023“, рече Бектеши.
Во продолжение следува целосната листа на прехранбени производи кои согласно владината одлука треба да поевтинат за 10 отсто и кои во маркетите ќе бидат обележани со „гарантирана цена“. Оваа одлука ќе важи до крајот на ноември 2023 година.