logo
logo
logo

Од следната недела ПОЕВТИНО брашно

Vecer | 24.03.2023

Од следната недела ПОЕВТИНО брашно

Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави дека од следната недела поевтинува брашното, но не со владина мерка, туку преку неформална обврска која си ја зеле производителите.

„Денеска бев информиран дека од наредна недела ќе следи дополнително намалување на цената на брашното, од нашите производители! Нашата држава има општествено одговорни компании!“, објави министерот на социјалните мрежи.

Во својата последна мерка, Владата ги замрзна цените на јајцата и оризот, а беше најавено дека истото ќе следи за брашното и шеќерот доколку пазарот сам тоа не го стори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk