Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе одлука за цената на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела за половина денар се зголеми цената на бензините. Цените на Екстра лесното масло за домаќинство и мазутот останаа исти.

Ова се актуелните цени на нафтените деривати:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 74,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 37,719 (денари/килограм)