logo
logo
logo

Од БРЗИ кредити во долгови ДО ГУША – се рекламираат дека се со нула камата, ама ...

Vecer | 07.05.2023

Од БРЗИ кредити во долгови ДО ГУША – се рекламираат дека се со нула камата, ама ...

Илјадници граѓани поради лесната процедура за добивање пари, заглавија во долгови поради овие кредити.

Како се случува ова? ТВ21 се обиде да дојде до одговор на ова прашање и сними три различни филијали за да види какви се условите. Иако велат дека се со 0% камата, ако доцните со плаќање 7 дена, треба да платите енормни суми дури ќе завршите и кај извршител.

Еве уште еден друг случај. Иако се вели без камата, снимката јасно покажува дека каматите се многу високи кај брзите кредити. А доколку кредитот не се враќа долго време, корисникот на брзиот кредит се соочува со извршители, иако кредитот го добил само со лична карта и без документ дека е вработен и има месечна плата. Ова ни беше кажано во третата филијала што ја посетивме, се вели во прилогот на ТВ 21.

Граѓаните кои земаат брзи кредити и потоа не знаат што да прават, а предметот стигнал до извршител, тропаат на вратата на Народниот правобранител.

„Повеќето од нив бараат помош поради тоа што земале кредити на повеќе места значи 1, 2, 3, 4, и имаат кредити и во банките кои постојат во РСМ. Ние се обидуваме да им ги олесниме нивните проблеми и на некој начин извршителите тоа да го реализираат дел по дел, не наеднаш поради тоа што се создава семејна криза“, вели Илбер Руфати.

Исто така, треба да се истакне дека МВР често информира за поплаки дека некој добил или се обидел да добие брз кредит со туѓа лична карта, што претставува кривично дело.

Во меѓувреме, експертите од областа на финансиите и економијата често апелираат до граѓаните да бидат внимателни со брзите кредити бидејќи имаат повеќе трошоци и многу брзо можат да дојдат во ситуација од која тешко се излегува.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk