Обвинителството отвори постапка за грантовите на Фондот за иновации

Јавното обвинителство за организиран криминал ќе испитува дали Фондот за иновации и технолошки развој направил злоупотреби при доделување на грантови. Откако беа објавени низа скандалозни доделувања пари на фирми чии сопственици се вицепремиерот Анѓушев, пратеникот Локвенец и др функционери во СДСМ, обвинителство по допрен глас оформи предмет.

-Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас.„Обвинителството презема дејствија за утврдување на факти во предметот, а во врска со евентуални сторени кривични дела во постапката по јавен повик за финансирање проекти во рамки на третиот столб од Планот за економски раст – прв инвестициски бран."

Во меѓувреме фирмата КАСТ ИНВЕСТ чиј косопственик е вицепремиерот Анѓушев, преку соопштение денеска официјално се откажа од овој грант, откако тој вчера јавно ги повика останатите сопственици. Од Каст инвест тврдат дека деуште не ги добиле парите од грантот бидејќи истиот бил условен со инвестиција која требало да ја направи фирмата. Потенцираат дека компанијата ги задоволува сите услови за добивање на грантот и велат во сопственичката структура на компанијата не фигурира вицепремиерот како поединец.

-„Во сопственичката структура на компанијата фигурира Брако како ко-сопственик, а не Кочо Анѓушев како поединец. Тоа е јасно прикажано во документи при поднесување на апликација. Последниве денови бевме на удар на јавноста, бевме повикувани како компанија во негативен контекст, изнесени беа низа невистини за „легнати пари на сметка", а без притоа да се презентира целосно сликата за побараната помош и за инвестициите кои ги имаме во моментов. Секој бизнис има право да се развива согласно истите услови за сите, услови кои очигледно не важат за нас, стои во соопштението.

ВМРО ДПМНЕ обвинува дека функционерите на СДСМ единствено се способни за иновации во криминалот. Од опозициската партија потенцираат дека јавноста е сведок на овој скандал а СДСМ се фатени на дело со криминални иновации. Обвинуваат дека парите на граѓаните ги делат на партиски лица, а фондот се претворил во изовор за финасирање на фирми блиску до СДСМ. Измислија „реинкарнации", „леења на иднината" и куп други апсурдни проекти само за да си поделат 10,5 милиони евра на фирми на нивни функционери. Мислат дека во 21 век младите во Македонија не следат што се случува на полето на технологијата и развојот па може да им се продадат како иновација проекти од типот „ајде на одмор". Го прашуваме Хари Локвенец што тоа иновирал и каде му е пријавен и заштитен патентот за кој што земал толкава сума на пари?

Зошто Локвенец како и сите други луѓе во Македонија не зел кредит за да набавува опрема и за тоа да плаќа на комерцијални банки со камата, а не да добие неповратен грант, кој не само што нема камата, туку и воопшто не се ни враќа. Тоа што се обидоа во време на менување на име да заработат народни пари е класичен грабеж од џебот на граѓаните. Очигледно не им успеа намерата ако помине – помине, ако не помине ќе глумиме светци и како големи хуманитарци ќе враќаме грантови. Почитувани, Народот ве прочита какви ситни души сте вие политичките - бизнисмени од СДСМ.

На списокот на доделени грантови од Фондот, освен компании на вицепремиерот, се најдоа и фирми на пратеници и донатори на СДСМ меѓу кои претседателот на СДСМ Кавадарци и пратеникот Хари Локвенец. Директорот на фондот ги поздрави повиците да се испита нивната работа и потенцира дека ќе продолжат транспарентно да информираат за својата работа но велат фондот нема мандат , ниту обврска да врши анализа на сопственичкиот капитал на компаниите кои аплицираат, ниту да врши проценка на нивната политичка подобност.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари