logo
logo
logo

Нуредини допрва ќе проверува зошто дрвата се продаваат по повисоки цени

Vecer | 03.10.2022

Нуредини допрва ќе проверува зошто дрвата се продаваат по повисоки цени

Според регулативата на ЈП „Национални шуми“ цената за еден кубен метар дрва за огрев е 3000 денари, но во последниот период, откако граѓаните почнаа да набавуваат дрва за греење на домовите во зимскиот период, се проширија информации дека тие плаќаат најмалку 50 проценти повисока цена од предвидената, односно над 4500 денари за кубен метар. На денешниот брифинг, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, наведе дека, откако дознал за ова, на минатата владина седница алармирал за проблемот и, како што нагласи, очекува утре да добие информација од Пазарниот инспекторат и од Државниот инспекторат за шумарство и ловство.
– Ние ја отворивме оваа тема на минатата владина седница. Во правилникот пишува 3000 денари. Зошто се продава со вакви цени во приватниот сектор очекуваме да добиеме информација од Инспекторатот, посочи министерот.
Нуредини исто времено упати апел граѓаните да престаната со нелегалната сеча на шумите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk