logo
logo
logo

Нудат 10.000 долари да се преселите и да работите кај нив, АМА ИМА И УСЛОВИ

Vecer | 23.01.2022

Нудат 10.000 долари да се преселите и да работите кај нив, АМА ИМА И УСЛОВИ

Ако отсекогаш сте сонувале да живеете во САД, постои  уникатна можност да бидете платени за преселување и работа во нејзина сојузна држава. Арканзас добива на популарност, а ова е американска држава која со децении е на работ на Дивиот Запад и која се смета за дел од САД од 1836 година.

Оние вработени кои треба да работат од дома - ќе бидат наградени доколку одлучат дека нивното место на живеење и работа ќе биде Арканзас.

Советот на северозападниот дел на Арканзас нуди 10.000 долари во биткоин на технолошки работници и претприемачи да се преселат таму.

Според веб-страницата на организацијата, оваа област на Америка доживува „експлозивен раст“ во технолошкиот сектор, особено во рамките на технологиите што поддржуваат блокчејн.

Станува збор за кампањата „Живеј и работи овде“, започната во ноември 2020 година, како одговор на намалените приходи од туризмот. Првично, наградата била само 10.000 долари во готовина, а тоа сè уште постои како опција, доколку некому повеќе му одговара од криптовалутата.

Сепак, не се работи само за пари. Работниците кои добиваат стимул добиваат и велосипед за рекреација и истражување, како и членство во државни уметнички и културни институции. Оние кои не работат во доменот на технологијата, но имаат желба да живеат и работат во Арканзас, можат да добијат и 10.000 долари - барем според повикот на страницата.

Сепак, се разбира, постојат одредени услови. Потребно е „кандидатот“ за наградата да има 24 години, две години работен стаж, да е подготвен да работи со полно работно време, потоа да не живее во Арканзас и да може да се пресели таму во рок од шест месеци.

Исто така, потребно е кандидатот да е државјанин на САД или да има виза. Како што се наведува, досега барање за преселба поднеле дури 35.000 луѓе од различни земји.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk