Регулаторна во понеделник ќе излезе со одлука

Нови цени на горивата - Има ли повторно поскапување?

Пред речиси две недели Регулаторна Комисија за Енергетика ја  објави новата одлука за цените на горивата. Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалија во просек за 6,19%. Цената на ЕУРОСУПЕР БС- 95 изнесува 65,50 ден/литар, а цената на дизелот се намали и сега изнесува 57 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали со одлуката за 1,243 ден/кг  и со тоа цената на М-1 НС изнесува 27,856 ден/кг.

За помалку од шест месеци горивата поскапеа за 15 денари,  по што и дизелот ја премина границата од 60 денари, а со последните две одлуки цената се намали.

Во понеделник ќе биде објавена новаата одлука на Регулаторна за новите цени на горивата во Македонија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари