logo
logo
logo

Нови 23 милиони денари за ваучери за туризам од по 12.000 денари за 3.500 граѓани

Vecer | 29.07.2021

Нови 23 милиони денари за ваучери за туризам од по 12.000 денари за 3.500 граѓани

Министерството за економија обезбеди дополнителни 23 милиони денари за ваучери за туризам од 12.000 денари за лица со ниски приходи кои аплицираа на јавниот повик.

Со ребалансот на Буџетот за 2021 година обезбедени се дополнителни средства за ваучери за туризам, со што над 3.500 граѓани со ниски приходи оваа година ќе може да летуваат во домашните туристички капацитети, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

„На сите граѓани што аплицирале и што ги исполнуваат условите за добивање ваучер за домашен туризам ќе им бидат врачени во текот на наредната недела. Ваучерите за туризам може да се користат најдоцна до 30 ноември 2021 година во домашните туристички капацитети кои што се пријавија на јавниот повик на Министерството за економија. Поддршката на туристичкиот сектор е наш приоритет“, напиша министерот Бектеши

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk