logo
logo
logo

НОВА АВИО ЛИНИЈА: Од Скопје до Москва за три ипол часа и 125 евра

Vecer | 29.04.2021

НОВА АВИО ЛИНИЈА: Од Скопје до Москва за три ипол часа и 125 евра

Авиокомпанијата „Нордвинд ерлајнс“ од 21 мај ќе почне со директни летови на новата меѓународна релација Москва - Скопје. Летовите ќе се вршат неделно, во петок, а времето на патување ќе биде 3 часа 25 минути, соопшти денеска Амбасадата на Русија во Македонија.

Цената на авионската карта од Москва до Скопје е 106 евра, a обратно од Скопје до главниот град на Русија е 125 евра. Летовите од Москва ќе бидат во петок во 14,45 часот, а пристигнување во Скопје во 17,10 часот. Полетувањето од Скопје ќе биде секој петок од 18,10 часот, а пристигнувањето во 22,35.

Оваа руската авиокомпанија во регионот веќе лета и до Белград, Загреб и Дубровник.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk