Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, НЛБ Банка АД Скопје од вчера (29 ноември – вторник) започна со исплата на ноемвриските пензиите.
Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 29-ти ноември пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.
Креиран е распоред за исплата на пензиите согласно висината на пензијата со следните датуми:
Висина на Пензија | Датум на исплата |
До 11.000 денари | 29.11.2022. (вторник) |
11.001-14.000 денари | 30.11.2022. (среда) |
14.001-18.000 денари | 01.12.2022. (четврток) |
Над 18.001 денари | 02.12.2022. (петок) |
Од банката замолуваат за почитување на препораките за држење растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.