Николовски: Нема развој на земјоделството без едуцирани земјоделци

Не можеме да спроведуваме стратегија за развој на земјоделството без едуцирани земјоделци. Едукацијата е важна за да создадеме конкурентно земјоделско производство со економска оправданост, производи со висока додадена вредност кои ќе можат да застанат рамо до рамо со производите на странските пазари, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски

Не можеме да спроведуваме стратегија за развој на земјоделството без едуцирани земјоделци. Едукацијата е важна за да создадеме конкурентно земјоделско производство со економска оправданост, производи со висока додадена вредност кои ќе можат да застанат рамо до рамо со производите на странските пазари, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на денешната средба со новиот директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) Зоран Стојчевски во Битола.

Во овој контекст, рече Николовски, многу е битна улогата на АПРЗ чии слабости, но и следни чекори за нејзино јакнење мора да се дефинираат. Според него, Агенцијата изминативе години беше деградирана и ја изгуби основната функција.

- АПРЗ е значајна зашто нејзината основна функција е едукација на земјоделците и на сите чинители во земјоделскиот сектор, нешто што недостигаше изминатите години. Советодавните услуги и едукацијата на земјоделците ќе овозможи подобар трансфер на знаења и на информации, но и нивна имплементација на терен, што е во насока на подобрување на квалитетот и квантитетот на земјоделското производство, развој на руралните средини и спречување на миграцијата село-град, нагласи Николовски.

Начинот на работа на Агенцијата, додаде министерот, е важен и за спроведување на политиките од владината пограма, а поддршка во овој сегмент Македонија има од Словенија.

- Со заменик-претседателот на Влдата на Словенија и министер за земјоделство Дејан Жидан договорна е помош во делот на јакнење на советодавните служби за земјоделците во Република Македонија, поточно на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и руралниот развој, информира Николовски.

Преку ИПАРД Програмата ќе се акредитира Мерката за поддршка на советодавните услуги, а главен корисник ќе биде Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството. Оваа мерка ќе помогне во јакнење на кашпацитетите на АПРЗ, а исто така ќе придонесе и кон зголемена апсорпција на парите од ИПАРД Програмата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари