logo
logo
logo

НИКОГАШ НЕ Е КАСНО: Некои почнале бизнис на 19, други на 60, СЕГА СЕ ПРЕБОГАТИ

Vecer | 02.05.2023

НИКОГАШ НЕ Е КАСНО: Некои почнале бизнис на 19, други на 60, СЕГА СЕ ПРЕБОГАТИ

Од Бил Гејтс, основачот на Мајкрософт, кој започнал бизнис пред да наполни 20 години, до полковникот (Харланд) Сандерс, кој бил одбиен безброј пати - за конечно да започне ресторан KFC на 65-годишна возраст.

Основачот на популарниот синџир за пржено пилешко во Кентаки, бил во седмата деценија кога го создал брендот „Kentucky Fried Chicken“ кој е основан во раните педесетти години, дури и неколку години пред познатиот Мекдоналдс.

Пред да започне сопствен бизнис, Сандерс работел на бензинска, потоа како пожарникар и продавач на осигурување. Тој верувал дека човекот мора да го сака она што го прави.

Американецот до ден денес останува најстариот човек на светот кој започнал сопствен бизнис и од него направил империја, а починал во далечната 1980 година.

Прв на листата е Бил Гејтс, а по него е Марк Цукерберг кој исто како и Гејтс започнал бизнис на 19 години, односно додека се уште студирал.

Волт Дизни имал 21 година, исто како и Стив Џобс, а Лери Пејџ „влегува“ во бизнисот со Google на 25 години.

Џек Ма ја основал Alibaba непосредно пред да наполни 30 години, додека Елон Маск имал токму толку кога почнал да ги создава своите компании. Тоа се SpaceX, Tesla....

Опра Винфри се збогатила дури на 32 години, додека модната дизајнерка Вера Ванг веќе имала 40 години, што важи за „подоцна“ во деловниот свет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk