Moody’s

Независноста на Каталонија ќе го загрози шпанскиот кредитен рејтинг

Меѓународната агенција „Moody's" денеска предупреди дека засилените тензии, поврзани со напорите на Каталонија да се оддели од Шпанија, ќе го поткопа кредитниот рејтинг на земја

Агенцијата прецизира дека зголемувањето на тензиите има негативни последици за кредитниот рејтинг, кои може да се продлабочат, ако каталонската регионална влада прогласи независност, откако изјави дека обезбедиле победа на локалниот референдум, определен како незаконски од страна на Шпанија.

„Moody's" забележа дека мала е веројатноста Каталонија да стане независна, особено поради тоа што е нејасно дали поголемиот дел од Каталонците сакаат независност. Учеството на референдумот во неделата е се претпоставува дека била 42%. Агенцијата очекува двете страни да постигнат договор за поголема автономија на областа.

„Moody's" наведува дека Каталонија претставува околу една петтина од шпанската економија и има висок бруто домашен производ по глава на жител. Значи евентуалната независност на областа сериозно ќе влијае на државните финансии на Шпанија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари