Предлог на Фајнанс Тинк

Невработените кои примаат пари од странство да добиваат социјална и здравствена заштита

Според податоците, станува збор за 88.000 невработени лица, а во државата годишно се слеваат најмалку 400 милиони долари од дознаки од странство, што е околу 4 отсто од БДП. Колку за споредба, оваа сума е приближно еднаква на сумата која се слева по основ на странските директни инвестиции.

Преку ваучер систем, лицата кои се невработени, а примаат дознаки од странство да можат да добијат социјална и здравствена заштита, предлагаат од Институтот за економски истражувања и политики Фајнанс Тинк. Според податоците, станува збор за 88.000 невработени лица, а во државата годишно се слеваат најмалку 400 милиони долари од дознаки, што е околу 4 отсто од БДП. Колку за споредба, оваа сума е приближно еднаква на сумата која се слева по основ на странските директни инвестиции.

- Целта е овие средства кои се добиваат како дознаки да се формализираат и да се искористат на попродуктивен начин, бидејќи најмалку половина од нив се испраќаат преку неофицијални канали. Од друга страна, целта на истражувањето е да се испита можноста од искористување на дознаките како социјална заштита во Македонија, преку симулирање на ефектите од воведување ваучер политика на дознаки, вели Благица Петрески, извршен директор на Фајнанс Тинк.

Главната препорака од ова истражување е дека Владата, Министерството за труд и социјална политика треба да воведе ваучер политика на дознаки. Ова би овозможило секоја невработена индивидуа која прима дознаки по официјални канали, да добие ваучер од владата за здравствени услуги и лекови во вредност на просечната потрошувачка за здравје и лекови, под услов да уплати 6 отсто од дознаката на пензиска штедна сметка. Ваучерот е еден од начините за трансформација на дознаките од неформална во формална социјална заштита.

Неодамнешно истражување покажа дека дознаките што иселениците ги испраќаат во Македонија вршат големо влијание за омекнување на некои социјални показатели, како сиромаштијата, здравјето, но и условите за домување и материјалната исцрпеност на домаќинствата. Дополнителни 2.000 денари дознаки ја зголемуваат општата потрошувачка за 1.176 денари, а потрошувачката за здравје и лекови за 370 денари, што потоа ја намалува веројатноста за влошување на здравјето за високи 63 отсто. Претворањето на дознаките во формален систем за социјална заштита може да биде корисно за примателите на дознаките и за благосостојбата на општеството во целина.

Маја Парнарџиева Змејкова, експерт во здравствениот менаџмент, смета дека идејата за ваучер од овој вид е добра, но оти треба да се размисли дали здравството е секторот во кој тој би можел да се користи со оглед на тоа што најголем дел од граѓаните, како што рече, се здравствено осигурени лица, без разлика дали станува збор за вработени, пензионери, земјоделци, невработени, корисници на социјална помош....

Доколку, рече таа, средствата од ваучерот можат да се користат за плаќање на одредената партиципација, тогаш, тоа е нешто за кое би можело да се размислува.

Парнарџиева Змејкова смета дека идејата за ставање на 6 проценти од вредноста на дознаката на пензиска приватна сметка е добро решение што ќе овозможи поголема сигурноста на граѓаните. (А.С.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари