Нема веќе субвенции за греење на пелети

Заклучно со денеска, искористени се предвидените 14 милиони денари наменети за субвенционирање на дел од трошоците за купување печки на пелети во домаќинствата за годинава, информира Министерството за економија.

На оние кои купија печки на пелети, по објавување на јавниот повик на 31 јануари годинава, и аплицираа со потребните документи, им се овозможи надоместување на дел од трошоците за купување печки на пелети до 50 проценти, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност по домаќинство за 2018 година.

Принципот по кој се врши доделувањето на надоместокот е „прв дојден прв услужен", а до целосно исцрпување на средствата за оваа намена, по што ќе бидат изготвени решенија за исплата на надоместокот за домаќинствата кои ги исполниле условите утврдени со Програмата. Листата на баратели кои го остваруваат правото на надомест ќе биде објавена на веб страната на Министерството за економија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари