Нема веќе чекање на црвено: Технологија која ја сакаме во секој автомобил

Jaguar Land Rover развива технологија која, поврзувајќи се со транспортната инфраструктура, како што се семафорите, на возачите ќе им советува брзина на движење со која секогаш ќе може да фатат зелено светло.

Дали наскоро ќе дојде крај на фрустрацијата од чекање на црвено светло на семафорите? Ако може да им се верува на луѓето во Jaguar Land Rover, технологијата која се развива во моментов треба "радикално" да го намали сообраќајниот метеж и чекање на семафорите и има потенцијал да го револуционизира градско возење, да го скрати времето кое се минува во возилата и да се намали стресот и загадувањето.

Системот кој се развива е наречен GLOSA (Green Light Optimal Speed Advisory) и се базира на V2X технологија, односно на начинот на кој возилата комуницираат со инфраструктурата, како што се семафори. Ваквата комуникација со транспортната инфраструктура им овозможува на автомобилите со GLOSA системот точно да знаат кога е запалено црвено или зелено светло и ќе го известат возачот за брзината со која треба да се вози.

Врз основа на овие информации, возачите ќе ја зголемат и намалуваат брзината за секогаш да го фатат зеленото светло, а оваа технологија на Jaguar моментално се тестира на Jaguar F-Pace. Се разбира, за да може да се користат сите негови функции, освен во автомобили, системот треба да има информации за транспортна инфраструктура која ќе им овозможи негова употреба, односно поврзување на автомобилите со семафорите. Ако другите возила во сообраќајот не може да се поврзат со семафори и немаат никакви информации во врска со брзината со која треба да се движат за да не се чека на црвено, лесно може да настане сообраќаен метеж и да се заглави во сообраќајот, без оглед на технологијата што се користи.

Освен GLOSA системот, Јагуар моментално развива уште една корисна технологија што на возачите треба да им помогне да најдат бесплатен паркинг простор и систем за предупредување ако кон возилото се приближува брза помош или противпожарната служба – за да се пропуштат да поминат.

Технологија, која ќе овозможи помалку сообраќаен метеж и да се избегне чекање на црвено, и која ќе помага во изнаоѓање на бесплатен паркинг место звучи како сон за голем број на возачи кои губат многу часови секој месец чекајќи во автомобил или во колони во потрага простор за паркирање. Меѓутоа, за повеќето возила, како и за транспортната инфраструктура, ќе биде потребно време за да се добие поддршка за такви технологии и како тие ќе почнат да се применуваат во повеќе градови.

Поврзани

Најнови вести

Коментари