logo
logo
logo

НЕМА ДА ИМА ПОВЕЌЕ ЕВТИНИ ЛЕТОВИ? Заборавете на патувањето со авион за „мали пари“ (детали)

Vecer | 02.09.2023

НЕМА ДА ИМА ПОВЕЌЕ ЕВТИНИ ЛЕТОВИ? Заборавете на патувањето со авион за „мали пари“ (детали)

Францускиот министер за транспорт Клемен Бон завчера изјави дека на европските колеги ќе им предложи воведување минимална цена за летовите во рамките на Европската унија.

- Авионски билети од 10 евра кога сме среде еколошка транзиција? Ова веќе не е возможно – рече Бон, додавајќи дека таквите цени не се соодветни за борбата за зачувување на планетата.

Според Еурактив, нискобуџетните авиокомпании направија голем упад во Европа нудејќи ниски цени на билетите на одредени линии, а Ryanair стана најголемата авиокомпанија во регионот.

Но, ниските цени понекогаш не ги покриваат трошоците, а летањето испушта повеќе штетни гасови отколку патувањето со воз.

- Отворено повикувам на оданочување на загадувачките активности за да се инвестира во еколошката транзиција - рече Бон, додавајќи дека владата планира да го зголеми данокот на летовите што поаѓаат од Франција за да финансира инвестиции во железницата.

Зголемените давачки за фирмите што управуваат со француските автопати и авио билети најверојатно ќе бидат вклучени во буџетот за 2024 година што треба да биде претставен на крајот на септември.

Фото: Профи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk