logo
logo
logo

НЕ СЕ ВЕЌЕ МАКЕДОНЦИ ИЛИ БОСАНЦИ: Секој петти работник на градилиште во Хрватска е НЕПАЛЕЦ

Vecer | 12.09.2021

НЕ СЕ ВЕЌЕ МАКЕДОНЦИ ИЛИ БОСАНЦИ: Секој петти работник на градилиште во Хрватска е НЕПАЛЕЦ

Работниците од Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Северна Македонија со години беа најголемн број во однос на вработувањето на странски работници во Хрватска, главно по тој редослед, а петтото место обично беше резервирано за работници од Албанија или понекогаш за работници од Украина.

Но, оваа година на тоа петто место, според бројот на издадени дозволи за работа, се - Непалците.

Според податоците што „Нови лист“ ги доби од Министерството за внатрешни работи (МУП), до 1 септември годинава на државјани на Непал им се издадени 2.388 дозволи за работа и престој.

Односно, секој 22 -ри странец бил од Непал. Во 2019 година, имаше вкупно 480 Непалци - бројот е скоро четирикратно зголемен.

Бројките се споредливи бидејќи до почетокот на септември оваа година, Министерството за внатрешни работи издаде речиси ист број дозволи за работа и престој на државјани од трети земји како во 2019 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk