logo
logo
logo

Не се секирајте ако имате долг од 1 денар во Годишната даночна пресметка, не мора да го плаќате!

Vecer | 12.06.2021

Не се секирајте ако имате долг од 1 денар во Годишната даночна пресметка, не мора да го плаќате!

Од УЈП информираат дека граѓаните кои во Годишната даночна пресметка имаат долг од 1 денар не треба да се грижат ниту да го плаќаат.

Долгот од еден денар се јавува од разликата што произлегува при заокружувањето на децималата при пресметка на данокот во аконтативните пресметки. Ако износот на пресметаниот данок во децимала има пресметка под 0,50, тогаш се заокружува помалиот износ, а на годишно ниво да предизвика обврска за доплата, а доколку е над 0,50 се заокружува поголемиот износ, а на годишно ниво да предизвика претплата. Доколку разликата за доплата се појавува во полето „Разлика за доплата на данок што ја должи исплатувачот на доход во име и за сметка на обврзникот“, тогаш овој износ не се зема предвид за наплата, затоа што наредната година може да биде во претплата и да се пребие, велат од УЈП.

Пред неколку години денарот предизвика остри реакции во јавноста откако граѓаните добија решенија да го уплатат, па за тој денар трошеа по триесеттина денари за уплатница. Овој проблем веќе е надминат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk