НЕ САКАМЕ ПЛАТА ОД 940 ЕВРА - Oдиме таму каде што даваат 3500 евра

Хрватска има недостиг од работници, а тоа посебно се чувствува во летната сезона.

Едно од решенијата е преквалификација, но многу од работниците одат во странство каде се далеку поплатени.

Заводот за вработување во Карловац уплатил преквалификација на 15 заварувачи, но еден од нив ќе замине во Италија.

„Иако сум сообраќаен инженер, овде го завршив образованието, сепак планирам да одам во Италија каде веќе се некои од моите познаници" - вели Никола Паџен, за Lokalni.hr.

Додава дека еден заварувач во Хрватска може да заработи 940 евра, а во Италија еден час се плаќа по 15 евра и месечно може да се заработат 3500 евра.

Вели дека се работи за голема разлика, а ова занимање заедно со негувателките и обезбедувачите се најбарани.

извор faktor.mk

Поврзани

Најнови вести

Коментари