logo
logo
logo

НАСА разоткри голем руски грабеж?

Vecer | 04.12.2022

НАСА разоткри голем руски грабеж?

Оваа година Русија собра жито во вредност од приближно една милијарда долари на украинските полиња, според американската вселенска агенција НАСА.

Околу 5,8 милиони тони пченица се собрани на полиња во подрачја „не под украинска контрола“, објави НАСА Harvest, програма на агенцијата за безбедност на храна и земјоделство, а пренесе германската агенција dpa.

NASA Harvest во соработка со неколку партнерски институции користела сателитски податоци и моделирање за истражување, пренесува Jutranji list.

Вкупно, годинава на украинска територија се собрани 26,6 милиони тони пченица, што е значително повеќе од минатогодишните предвидувања, велат научниците вклучени во истражувачкиот проект.

Иако ова е помало од минатогодишниот рекорд од 33 милиони тони, обемот е сè уште блиску до петгодишниот просек од 27,9 милиони тони.

Украина немаше пристап до 22 отсто житни посеви во источниот дел на земјата поради тековната војна.

Според НАСА, вкупно 88 отсто од минатогодишните зимски култури биле собрани во области кои не се контролирани од Украина. Неожнеаното жито најмногу се среќава на полињата близу линијата на фронтот.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk