ЛАЖНИТЕ БРЕНДОВИ КАКО ОКТОПОД СЕ ШИРАТ

Наместо зачин - сол, наместо бели алишта - сиви, наместо...

И козметиката не е како негогаш кремовите за лице не содржат доволно од состојките што се наведени на нивната амбалажа, слично е и со шампоните, купките

Дали сте забележале дека зачините не се како некогаш, тие се полни со сол, а помалку содржат зеленчук. Производите од мед не го содржат мед, во нив се става пченкарен скроб. Не перат како некогаш ниту прашоците, облеката наместо да белее посивува. И козметиката не е како негогаш кремовите за лице не содржат доволно од состојките што се наведени на нивната амбалажа, слично е и со шампоните, купките... Што се однесува пак за познатите марки на чоколади кои се продаваат на нашиот пазар често имаат помалку какао од тие кои се продаваат во земјите на западна Европа.

Македонската потрошувачка јавност често реагираат на овие состојби и укажуваат дека овие производи на ист начин се рекламираат кај нас како и во земјите во кои се со значително подобар квалитет. Проблем е и цената која е иста како и на производите кои се спродаваат во странство.
Тања Крстева, асистент на факултет за Економски науки, при Европскиот универзитет РМ почесто прави анализи на оваа актуелна тема, бидејќи како што вели на многу работилници главна тема се анализите и состојбите како да се откријат, но и да се заштитиме од лажните брендови. Според Крстева многу често следувал ист заклучок, односно се согледало дека цените на производите не се разликуваат кај нас со оние во земјите од ЕУ, дури во некои случаи се и повисоки иако се работи за различен квалитет.

Таа укажува дека дел од производите со лош квалитет пристигнуваат од земји како што се Романија, Бугарија, Унгарија, Полска каде што големите светски компании имаат развиено производство наменето за потрошувачите од овој дел на Европа.

Оваа тема не го заобиколи ниту Европскиот парламент каде и таму многу често има бурна расправа, со оглед на фактот што се очигледни разликите помеѓу квалитетните производи од ист бренд кои се продаваат во "старите" и "новите" членки на ЕУ.

- За да се прекине оваа измама, во Европскиот парламент покрената е иницијатива оваа пракса да се прогласи за измама. За разлика од САД, ЕУ нема општо прифатена дефиниција за измама со храна, единствено регулативата 178/2002 пропишува како е забрането "манипулирање на потрошувачите# - информира Крстева и појаснува дека дел од граѓаните на неразвиените земји најчесто не се свесни дека трошат пари за познат бренд кој гарантира квалитет, а вистината е дека добиваат просечен квалитет.

Дел од македонските експертите сметаат дека е легитимно и економски оправдано истиот производител за различни пазари да креира производ со различен квалитет, се додека на декларацијата на производите се наведени сите состојки со точните мерки и додека квалитетот се вклопува во потребните македонски правилници.

Но упатуваат на податокот дека проблемот е во тоа што потрошувачите се спремни да платат за квалитет и повеќе пари, а доколку добијат производ со среден квалитет, тое е чиста измама за нив и предизвикува револт.

- Производите на светските брендови на нашите рафтови само по изгледот и цената
наликуваат на оние кои се продаваат низ Европа, но не и по квалитет -оправдано реагираат дел од домашните потрошувачи кои што имале можност да патуваат во странство и да пробаат од овие производи.

И хрватските потрошувачи иако се дел од земјите на ЕУ се среќаваат со истиот проблем. Нивната упорност се исплатеше, оти успеаа да се изборат со ист квалитет да бидат детските производи на познатата германска компанија "ХИПП", која произведува бебешка и детска храна.

 

Оваа компанија изложена на овие притисоци деновиве јавно објави дека во иднина на хрватскиот пазар ќе пласира бебешки кашички со иста содржина на зеленчук како и во германските продавници.

Со тоа Хрватските потрошувачи извојуваа голема победа која ќе ја почувствуваат токму најмладите генерации кои ја консумираат оваа храна. Заслужна за оваа позитивна разврска е хрватската Агенција за храна која подготвила струдија и докажаа дека производите на "Хип" во Хрватска содржат помал процент зеленчук и омега-3 масни киселини.

Квалитетот на сите Хип производи, наменети за најмладата генерација на пазарот во Македонија, се исти како и оние во Германија, односно во согласност со високите стандарди за квалитет независно од регионот каде се продава производот. Така е веќе 30 години откако ХиПП е присутен на источноевропскиот пазар, а во пазарот на Македонија се присутни веќе 20 години.

Ова е ставот на германската компанија за производство на детска храна, но и одговор на прашањето на "ВЕЧЕР" , дали во Македонија се пласираат производи кои се со ист квалитет како и оние во земјите на ЕУ.

На листата на брендови од кои се жалат потрошувачите се најде и популарната Нутела, бидејќи американката Атина Хонберг во 2012 година ја тужела компанијата "Фереро"дека е измамена од слатките кои содржат нутела оти тие биле со лош квалитет.Правдата ја побарала на суд и ја добила, за што компанијата платила парична оштета од три и пол милиони евра

Што се однесува за популарните милка чоколади, доколку ги споредите со оние што се продаваат на странскиот пазар тогаш може да се согледа дека производите не можта нитру да се споредат. Препорака е чоколади да не се купуваат кога се на акција.

Рекламата е многу агресивна и за новите кујнски апарати, за кој се вели дека подготовката на храната во нив е многу здрава, но во реалноста не е така. Храната не се подготвува ниту пократко, ниту со малку масло, ниту е така здрава, а на крајот тавата може и да се извитка.

(В.Ма.)

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари