logo
logo
logo

Најскапиот дел од Германија станува уште поскап: Средната класа го напушта градот за Apple?

Vecer | 26.03.2023

Најскапиот дел од Германија станува уште поскап: Средната класа го напушта градот за Apple?

Баварската престолнина е најскапиот дел на Германија, а сега американскиот концерн Apple планира тука да инвестира уште една милијарда евра.

Многумина стравуваат дека богатите новодојденци уште повеќе ќе го затегнат пазарот на недвижности.

Технолошкиот концерн Apple има намера да инвестира уште една милијарда евра во својата канцеларија во Минхен за да работи на развој на чипови.

Тоа значи повеќе даночни пари за градот, но за неговите жители тоа би можело да значи продлабочување на ужасите на пазарот на станови. Минхен е веќе најскапиот град во Германија, а доаѓањето на нови богаташи, кои би работеле за Apple, веројатно ќе ги подигне кириите уште повеќе.

Средната класа го напушта градот

Тилман Шаих со години се бори за нормални цени на киријата во Минхен. Минатата недела беше објавено дека просечната кирија во тој град е зголемена за повеќе од една петтина во последните две години. Сега квадрат стан , без комуналии, во просек чини 16,07 евра месечно.

Шаих е убеден дека луѓето кои доаѓаат да работат за Apple нема да сакаат да се населат во Минхен.

„Тука се само неколку години, плаќаат високи кирии и потоа заминуваат“, вели тој. Со нив не можат да се натпреваруваат луѓето од средната класа од баварската метропола.

Активистот стравува дека кириите во Минхен би можеле да варираат како што е случајот во седиштето на технолошките гиганти во Силиконската долина, на пример во Сан Франциско.

Во последниве години, многу технолошки концерни се населиле во Минхен: Амазон, Јаху, Мајкрософт, Гугл и бројни големи и мали стартапи. Apple дојде во овој град во деведесеттите. Според едно истражување, минатата година Минхен го престигна Берлин како германски град со најмногу стартапи.

Затоа, Минхен веќе овде-онде во медиумите се нарекува „Долина Исар“, по реката Исар што тече низ градот.

„Минхен е атрактивен и убав“, вели Шаих.

„Но, не може наставниците, полицајците - односно средната класа - да го напуштат градот и градот повеќе да не е место за добар живот.“

На Минхен му требаат добри работни места

Баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ) традиционално владее со најбогатата германска покраина, но таа не владее со Минхен со децении - социјалдемократите го држат тоа место, а ЦСУ е само помал партнер.

Независно од тоа, политичарот на ЦСУ, Клеменс Баумгертнер, моментално е службеник за економија и труд во градската администрација. Тој вели дека Минхен не треба да се споредува со Силиконската долина, а не му се допаѓа дебатата кој треба, а кој не доаѓа во Минхен.

Баумгертнер потсетува дека во 1960-тите Минхен ја привлече компанијата Сименс, која нудеше добри работни места. Во последните децении Сименс го напушта градот, вели тој, оставајќи дупка. Се намалува и бројот на работни места во автомобилската индустрија.

Затоа е добра вест за овој политичар што Apple инвестира повеќе, па, вели тој, Минхен оди во иднината. Баумгертнер додава дека не живеат сите вработени во технолошките компании во самиот град - многумина живеат во помалите градови и села околу Минхен, бидејќи најчесто работат од дома.

Населбите се менуваат

Мозес Волф, сепак, вели дека „луѓето кои работат во Apple обично заработуваат многу пари“.

Волф е познат уметник во кабаре во Минхен, кој живее во областа Гернтерплац. Таму некогаш живееле познатите режисери Рајнер Вернер Фасбиндер или Фреди Меркјури, фронтменот на Квин.

Сето тоа е во далечното минато. Поранешниот уметнички кварт со трошни згради се претвори во многу барана станбена локација.

Случувањата на пазарот на недвижности во последните години и пандемијата дополнително ги забрзаа структурните промени во Минхен. Таму доаѓа инфлацијата.

“Минатата недела една гостилница влезе во медиумите поради цената од шест евра за половина литар пиво. Многу уметници се оддалечија од Минхен во последниве години“, вели Волф. И многу студенти бараат колеџи во помалите градови.

-Проблемот со зголемување на трошоците е феномен што Минхен го дели со многу градови во светот, вели политичарот Баумгертнер. Според него, доаѓањето на технолошките концерни му помага на градот да не заостане.

Според Баумгертнер, од околу 7,5 милијарди евра во буџетот на градот, три милијарди се собрани преку данокот за трговија.

„Технолошките компании лоцирани во Минхен во голем дел придонесуваат за ова. Од тие пари профитираат културата, како и социјалната и јавната инфраструктура“, додава тој.

Но, што е со становите кои нормален човек би можел да си ги дозволи? Во златните денови на Сименс во Минхен, овој концерн овде имаше свои 2.300 станови.

Фото: Профи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk