logo
logo
logo

Најмоќниот финансиер во ЕУ: „Луѓе, средете се итно, знаете ли што ни се заканува на сите?!“

Vecer | 22.05.2022

Најмоќниот финансиер во ЕУ: „Луѓе, средете се итно, знаете ли што ни се заканува на сите?!“

Најмоќниот финансиер во ЕУ: „Луѓе, средете се итно, знаете ли што ни се заканува на сите?!“

Линднер наведува дека во ситуација на растечка инфлација во водечките економии, потребна е брза акција со цел да се врати макроекономската стабилност.

Во согласност со добро познатата љубов на Германија кон фискалното штедење, актуелниот германски министер за финансии Кристијан Линднер изјави во интервју за Фајненшл Тајмс оваа недела дека членките на ЕУ мора да се стремат да го намалат државниот долг и покрај моменталната економска ситуација, како што беше направено за да се опорават од кризата со корона.

Европските ограничувања на дефицитот и јавниот долг се дел од Пактот за стабилност и раст, но беа суспендирани на почетокот на пандемијата во 2020 година за да се олесни економското закрепнување, а суспензијата сега е продолжена за една година поради војната во Украина и зголемените цени на енергијата.

Сепак, германскиот министер смета дека овој факт не е изговор за земјите-членки да ја продолжат политиката на раст на трошоците, туку бара од нив да воведат малку повеќе дисциплина бидејќи некои членки акумулирале премногу долгови за време на кризата со корона.

Во секој случај, рече тој, Германија ќе се врати на својата стара национална фискална политика, која е запишана во Уставот, и се противи на сите предлози за трајно менување на европските фискални правила.

Згора на тоа, вели тој, крајната цел треба да биде ЕУ да стане построга, а не помека.

Пактот за стабилност и раст на ЕУ вели дека јавниот долг не треба да надминува 60 отсто од БДП на една земја-членка, а буџетскиот дефицит три отсто од БДП.

Линднер наведува дека, во ситуација на растечка инфлација во водечките светски економии, потребна е брза акција за враќање на макроекономската стабилност бидејќи постои реална опасност од стагфлација (економска стагнација со истовремена инфлација).

Според него, мора да се запре експанзивната фискална политика како и да се запрат интервенциите на пазарот преку големи владини програми.

Тој се осврна и на предлогот ЕУ повторно да се задолжува за покривање на финансиските потреби на Украина, по примерот на пакетот Нова генерација од 800 милијарди евра, велејќи дека тоа е еднократна одлука и дека Германија нема да поддржи таква идеја.

Од друга страна, нема ништо против да и се обезбеди на Украина 9 милијарди евра финансиска помош, за која во моментов се разговара, но врз основа на национални гаранции кои потоа заеднички би се користеле за помош.

Што се однесува до предлогот земјите од ЕУ да ги запленат замрзнатите руски девизни резерви и на тој начин да ја финансираат обновата на Украина по војната, тој рече дека Германија е „отворена“ за таква идеја, но се спротивставува на одземањето на приватниот имот на руските олигарси бидејќи тоа е во приватна сопственост загарантирана со закон и конфискација е проблематична.

Линднер предлага олигарсите да бидат убедени да учествуваат во репарациите за Украина по своја слободна волја.

Фото: Ina Fassbender

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk