logo
logo
logo

НАЈЛОШАТА година од 1949?

Vecer | 26.09.2022

НАЈЛОШАТА година од 1949?

Западните централни банки ги зголемуваат каматните стапки во обид да ја запрат високата инфлација, предизвикувајќи колапс на државните обврзници, пишува Блумберг. 

 - Пазарите на државни обврзници ширум светот се на работ на нивните најлоши перформанси од 1949 година, кога Европа беше во урнатини и се опоравуваше од Втората светска војна - велат експерти од Банката на Америка. 

– Федералните резерви на САД и другите западни централни банки престанаа да ја одржуваат референтната каматна стапка блиску до нула за да ја поддржат економијата, како што правеа за време на пандемијата. Токму овој пресврт имаше големо влијание – вели Блумберг. 

Одлуката на американскиот регулатор објавен оваа недела за зголемување на основната каматна стапка е најновиот сериозен удар за глобалната економија, пишува Блумберг. 

Во средата, по резултатите од состанокот во септември, Федералните резерви на САД ја зголемија основната каматна стапка за 75 базични поени - на ниво од 3-3,25 отсто годишно. Од мај оваа година, регулаторот трипати ги зголеми стапките во обид да ја спречи зголемената инфлација. 

Соединетите Американски Држави и европските земји се соочуваат со рекордна инфлација во последните неколку децении. 

Воведувањето санкции против Москва и политиката на напуштање на руското гориво доведоа до зголемување на цената на горивото, пред се гасот. 

Како резултат на тоа, индустријата на Запад во голема мера ги загуби своите конкурентски предности, што влијаеше на другите сектори на економијата 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk