logo
logo
logo

Најголемиот германски моден трговец прогласи банкрот: „БИЗНИСОТ ПРОПАЃА“

Vecer | 04.03.2023

Најголемиот германски моден трговец прогласи банкрот: „БИЗНИСОТ ПРОПАЃА“

Најголемиот германски моден трговец Peek & Cloppenburg KG, со седиште во Дизелдорф, банкротираше, пренесува списанието Fenix.

Според германските медиуми, барањето за стечај на германската компанија е поднесена во Окружниот суд во Дизелдорф во 12 часот. Адвокатската фирма Andres Partners од Дизелдорф наводно е назначена за стечаен управник.

Томас Фројд од менаџментот на Peek & Cloppenburg изјави дека модната трговија е во криза.

– Ова се однесува на Peek & Cloppenburg KG, Дизелдорф, како и на целата индустрија. Се уште функционира луксузниот сегмент и делот за попусти, но бизнисот пропаѓа. Ова се однесува дури и на онлајн бизнисот, со кој ретко кој продавач на облека заработува пари, вклучително и P&C. Нам ни е јасно дека мора брзо да преземеме контрамерки и да ја вратиме компанијата на вистинскиот пат, рече Фројд.

Тој истакна дека ќе ги реорганизира Peek & Cloppenburg KG, Düsseldorf како дел од т.н. заштитен штит.

- Утрово до окружниот суд во Дизелдорф поднесовме барање за стечај, кое судот веќе го одобри. Заедно со експертот за реструктуирање Дирк Андрес од адвокатската канцеларија Andres Partner и под надзор на привремениот управеник Хорст Пипенбург, брзо и доследно ќе ги спроведеме одлуките потребни за реструктуирање на нашата компанија, рече Томас Фројд.

Постапката за заштитен штит се однесува на Peek & Cloppenburg KG, Дизелдорф, која е сопственик на седиштето на компанијата и 67 P&C продавници со вкупно околу 6.800 вработени, како и на компанијата за купување, Peek & Cloppenburg Retail Buying GmbH & Co. KG. Меѓународниот бизнис е организиран во посебни компании и не е засегнат од процедурата за заштитен штит, пишува магазинот Феникс.

Фото: Профи

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk