МЗШВ: Се забранува вршење на риболов во периодот на природен мрест на рибите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе решение за забрана за риболов во риболовните води во периодот на природен мрест на рибите за оваа година. Забраната се однесува на риболовните подрачја, риболовните ревири и рекреативните зони, а периодот на забрана е различн за секој вид на риба. Забраната за вршење риболов во период на мрест, е предложена од концесионерите, со цел да се овозможи природен мрест на рибите.

Со решението, концесионерите на рибите за организирање на рекреативен риболов на одделните риболовни ревири и рекреативни зони се должни за периодот на забрана да ги известат рекреативните риболовци, а Македонската риболовна федерација треба да ги извести концесионерите за на својата веб страна, да објави известување за периодот на забрана по поединечни риболовни ревири и рекреативни зони и по одделни видови риби за кои се носи забраната.

Забраната за вршење риболов во одделни риболовни води и видови риби се донесува заради овозможување на непречен природен мрест на рибите, а врз основа на доставениот предлог за забрана на риболов од Македонската риболовна федерација, на барање на концесионерите на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовните ревири и рекреативните зони.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари